Мириси

asdf

Мене душата ми мириса на цигари…
на кафе, а некогаш и на коњак…
на кари и нане, наросени над топол леб со маргарин…
душата ми мириса и на топло чоколадо со кокос.
и на ѓумбир. и смола. и липа.

напати има мирис на пекол…
дури спијам, стално, ама баш стално – на рај.
наутро на зајдисонце, навечер на изгрејсонце…

на темјан и на фитил од свеќа… ретко, ама ми мириса.
на истечено мастило врз ново печатена хартија…
на исушено цвеќе, чувано во страници од библија.

и на свежо наврната земја…
на средство за дезинфекција.
на бензин, а богами и на течно лепило…

ми мириса и на пролет, ама не го рачунам то.
воедно ми мириса и на пригушено лето.
со мали примеси на масло за сончање.
на скоро распаднат есенски лист…
на дожд кој очекуваш да стани порој.
другпат пак, на зимска празнина носена од ветрот…
на штотуку распален оган во камин…

на тебе. да не го заборам то…
најмногу чинам, ми мириса на тебе…

Црно-бела

Црно-бела сцена. Бавна, чиниш не се ни движи. Само чад од цигара, која змиски, елегантно се извива нагоре, а кога ја стигнува висината на прозорецот, невино го љуби свежиот воздух и се спојува со него. Движењето го надополнуваат и светлата од автомобилите кои ритмично го одминуваат прозорецот.Темнина, па кратка, движечка светлина. Пак темнина, па светлина. Наизменично заглавени. И нивниот шум го слушаш. Брз, секогаш различен, секогаш исто познат звук на одминувачки автомобил. Секојдневен. Има и мали сијалички покрај душекот, но не знаеш во каква боја светат. Или можеби повеќе бои? Собата ти е практично празна. Душек, веднаш под прозорецот, со разместен чаршав (скоро со сигурност знаеш дека е бел). Една голема перница, исто бела, за да си одговара со чаршавот. Твојата позиција е на креветот, пред себе ги гледаш сопствените нозе, чаршавот, и со крајот на окото-перницата. Од десна страна ти е прозорецот, а веднаш под него и малите сијалички. Лево од тебе, пепелникот со мноооогу цигари внатре. И нели, онаа запалената која пишува љубовна приказна. Веднаш до неа има некој предмет. Замисли предмет, мил, драг, посебен, предмет кој го сакаш. Било каков, било колкав. Предмет кој можеби е единственото нешто без кое не би живеел. Замисли го во црно-бела верзија, на паркетот. Има и нечие присуство во просторијава. Оној на кој прв помисли, да. Некаде, било каде низ просторијава има човек. Ја имаш сета слобода на светот за да го замислиш. Позицијата, изразот на лицето, емоциите кои ги истура, расположението кое го шири. Дали е познаник или странец? Можеби некаде помеѓу? Не е важно, во просторијата има човек. Се пред сценава и се после сценава е твоја имагинација. Како се најдовте тука? Како ќе завршите? Каков дијалог би воделе? Или ќе молчите? Која песна ја слушаш во позадина? Или само ти се мота во главата?
* Чувствувај. Зборовите знаат да создадат чувства. Среќа, тага, страв, смиреност, што би чувствувал? Сеедно, најважно од се е да чувствуваш. И имагинарна, празна соба, со било кој човек кој си го замислил, може да те натера да чувствуваш. Што станува пак тогаш, кога си во вистинска ситуација? Останува, повторно, да чувствуваш.

* П.С. Поради зголемена слобода на имагинацијата, слика нема. Сликата, ја правиш сам.

Недела

GloomySundayНосам недела над главата. Ме следи како црн облак кој плачи над мене. А кога сонцето свети се претвара во ореол.
Носам недела околу вратот. Некогаш како тежина врз телото, некогаш како потпора при умор.
Носам недела меѓу дланките, како лисици кои не ми дозволуваат да ти го погалам лицето. Ама и како вода, со која ги мијам очиве за почисто да те гледам.
Носам недела како каиш околу половината. Ме стега и ми остава траги околу бенките. Од друга страна пак, ми ја дразни тетоважата, за секогаш да ја имам на ум. Нема да потонам, не денес, не утре, не некогаш. Не во недела, не од недела.
Носам недела и околу колената. Изгледа затоа никогаш не правам големи чекори. Мали, скоро незабележливи, но сепак чекори ми се. Истата таа недела околу колената е она што ме прави и да останам. Тука, сега, да останам.
Недела имам и на глуждовите. Оковани стапала, за да создавам напор при секој чекор. Толку долго имам недела околу стапалата, шо денес на моменти дури и како мека, росна трева ја осеќам.
Имам недела и во секоја пора на телото, во срцето, во душата. Имам недела и во главата, од таму се започнува. Имам недела низ вените, длабоко измешана со крвта.
Од толку многу недела, ваљда до сега и во аурата ми е влезена. Да, имам недела и во аурата која ја ширам наоколу. Некогаш спие, па оние околу мене не ја вдишуваат. Но, некогаш е толку многу будна, што дури и огледалото одспротива ја гледа во димот од цигарата. Имам недела со мене, секој ден. Кога похиперактивна, кога посмирена.
Имам недела највеќе во недела. На тој ден имаш слобода да бидиш она што сакаш да бидиш и да правиш она што сакаш да правиш. Е тогаш, тогаш сум најмногу недела. Бидејќи во крвта ми е. И во очите. И во ноктите на прстите. И во врвовите на лилавото праменче од косата, од левата страна. Таму најмногу недела имам, тој прамен му е како дом на мојата недела.
ЈАС му сум дом на мојата недела. Таа мене, јас неа, дом си сме. Па можда недела и не е така лошо… Воопшто не е лошо одкога си научивме да не си се лутиме една на друга кога на кратко ќе си се напуштиме. И двете знаеме да уживаме сами, знаејќи дека вечер пак ќе си легниме заедно. Јас не можам без мојата недела. Научи и ти да не можиш без твојата. Од ко ќе научиш, ќе ти пее навечер, ќе те бакнува на чело наутро. Ако ја засакаш неделата, ќе те засакаа и таа. Толку силно што дури и ќе те инспирира.

* На сите кои влечкаат недела со себе. Недела можи да биди некое време, можда и некој месец. Но недела не можи да биди цел живот, ако научиш да ја сакаш. Тогаш ќе биди – недела низ животот.

Пијани искрени мисли III

beautiful-cute-girl-photo-writing-Favim.com-64174,,Извини, ама вечерава ќе ми бидиш пепељара. ,, УУУ, пијана дури и секојдневните реченици можам да ги претварам во текстој. Како шо кажав, ѓаоло ко ќе се поднапие не шепти, ами вришти. Е, тогаш, ни вриштеше на уво и на двата. Ваљда ти мене – ко ќе пишам- ме сакаш исто колку и јас тебе – ко ќе свириш. А ваљда двата исто се сакаме ко ќе играме тетрис. Уствари, то со пишењето е чудна ствар. На почеток почнувам со ќеф ко да треба душата да ја дам во него. По некое време, негде насредина се осеќам исцрпено. Толку исцрпено скоро ко да умирам со секој следен напишан збор. Ко душата да ја цедам прво во цевчето од стилото, па после епитафо си го чкрапам на ливче. И на крај, во моментот ко ќе ја напишам последната реченица [дури се љубат, невино, врвот на стилото и хартијата, оставајќи точка] некоја сила ме враќа во моментот на првиот збор, и скоро убедена сум дека сега го почнувам текстот. И сакам да го почнам. Одново, па со последната точка, пак. И милион пати пак и пак, секогаш тие зборови, никогаш истите. Ама твој да си се. Исто ко и ,,мастилото,, шо го користам. Само под еден услов. Секогаш мојте, со душа напишани зборој, да седат завиткани околу твојата лична карта. И нели, во левио џеб, на ракавот.
* Текст во кој не е напишан ,,текстот,, , ами напишани се мислите дури го пишев текстот. Текст за текстот, дранк Кенди, мора да е горда на не-толку- дранк Варуна.

Роденден

download

Градски светла. Од високо, скоро како точки. Дури и поубај, ако не носиш наочари.
Шини, социјалистички, после Тито, негибнати. Ама, уште функционални, фала богу.
Графит со звук на живот. Ништо филозофско, само стих од песна, која потсеќа на живот.
Мирис на боја. Ко оние боите за дрво, ама не толку таква. Спреј де, спреј.
Кенди и  нејзинио кендимен. Можда не во кендиленд, ама во кендитаун, да.
Кенди е среќна. Кендимен се надевам исто. Ако не, жал ми е, поќе од то неможи.
Маче, мало, весело. Убедено дека ништо не можи да го спречи. Среќно ко и овие двата.
Апаратот нема батерија. Фала богу, мозоко скоро секогаш има, ама не слика, само снима. Спомени.
Прсти, прсти. Не ко песната на Фолтин, туку испреплетени. Покрај жолти улични светилки.
Раце, раце. Напред- назад се нишаат правејќи сенки по долги булевари.
Паркот кај шо се собират несфатените. Рејџ таксист. Битно, го погодија името на улицата.
Промашен влез, поќе Симпо згради имало. Битно тука се. Сина светлина, од звучнико.
Вино (тро црвено, тро бело), цигари (од поскапите), панк (од тој шо Кенди ретко го слуша).
И, многу јасно, текст. Мора еден, ѓаоло не шепти, ами вришти ко ќе се поднапие.
Сон, одморени коски, утринско кафе. Две-три уствари. Автобуси во меѓувреме.
Фајнд јор уеј бек хоум. Тагирање*. Нема многу промаја, или само не се сеќава.
Нема ни купиња. Битно, назад дома. Пак кафе и ,,не мојш да избегаш од себе,, муабет.
Дома, на спиење. Убав е живото.

*Кенди
енд хр
кендимен
ар ин
кендиленд. (заб. на прев.)

Битола братче, ти е нож со две острици

Летово ме прашаа како е да се живеј во Битола. И низ гла ми се премотаја сто работи. Ме прашваш како е да се живеј кај шо единствено не е битно колку се богати твојте, е ко ќе е битно шо боја ти е партиската книшка? Ме прашваш како е да се живеј кај шо омилена реченица за почеток на муабет е ,,се нема пари брат,, кај машки седнати на кафе, дури го вртат клучот од колата и ѓомити случајно гледат накај нea, на паркингот пред домо, заборавајќи оти тато се скичмува од работа за да ja имат? Или за женски: ,,ја видов дотичната, џабе дава пари по теретани,, , исто седнати на кафе, по нели, најк или адидас тренерки, крзнено елече и патики на платформа, заедно со шминката од Раскорак од синоќа и огромни наочари за сонце, за да не се познава кај и се одлепила вештачката клепка.  Ме прашваш како е да се живеј кај шо завршиле за доктори, правници и не знам шо таму, само ради то шо дедо и тато биле то, па излезено му е името и полесно ќе најдат работа? И после по болници ги лечат со доместос и му прат операција или му го местат процесот в суд, само по 200 еврИ в џеб и виски од Веро, нели, од скапото. Ме прашваш како е да се живеј кај шо се шо не прајш ти е глупо, а се шо прајш е убо? Кај шо синдромот ,,не ќе одам сам до Епинал,, е толку вкоренет шо дури и алтернативни патишта се имат измислено? Ито, како поинаку наречени освен панкерскио и металскио?… Оти нели, ,,кажи не на насилството,, , па ако си едно од двете или си тепач или мрачиш? Мислам, не ме сфајќајте погрешно, битолчани не се со ограничени погледи. Ако нитни, мартинки, кожни пантолони, црно до коска – носиш во Раскорак, Клупче, ПОзитив, тогаш е сигурно мода. А ако воопшто ти смета да бидиш етикетиран и најлошо-до-сега, медиумски хејтан, тогаш се занимаваш со ,,кремци,, шо не се занимават со тебе и автоматски то те прај уште полоша личност, оти ,,кремците,, нели не се замарат со тебе, дури и не те сметат за чоек?  Ме прашваш како е да се живеј кај шо за да излезиш во петок-сабота, треба да се познаваш со менаџери на кафичи, кои попатно, уште средно немат завршено, а пак за да одиш на театар или кино, треба Манаки да почни? Еј, мнооогу хејтам….
И битно, по цело ова размислување (шо трај некојси 10тина секунди, оти ти е секојдневие и ти поминва низ глата брзо као молња) одговараш со: Убо е бе, ако сакаш да прајш нешто, можиш. Ги имаш и потребните места за то, а и потребните средства. Можиш да си најдиш омилено место за излегвање, омилени групи на луѓе за дружење (во зависност од то дали сакаш да оговараш, да се пијанчиш, да дебатираш, да чилираш, да просперираш), омилени активности и хобија за кои никој не ти смета да ги напрајш. Многу јасно дека имаш и уба архитектура, убај места, сокаци, калдрми, манастири, околна чиста (или некогаш не-толку-чиста) природа… Буквално имаш скоро се, ако нели, се исклучиш од, за тебе, енерџи-исцрпувачи кои не ти се бендисват поради некој одредени ствари. Битола Е нож со две острици, ама ако научиш да го прајш то шо го сакаш, да го почитуваш то шо не ги прајш, да обрнуваш внимание на она шо ти е интересно, а не на она шо е актуелно, тогаш стварно е многу добар град за живеење. (Само лошо е шо, ако го прајш то и ако можиш сепак да си живејш со сите, тогаш, таквите како тебе ќе те викат ,,фејкер/позер,, Битолски парадок, како шо кажав, нож со две острици. ) 🙂
* Донт гет ми ронг. Ако треба да се изјаснам себе си на тема колумни, само ќе кажам: кога хејташ, оправдано е да си хејтан, ама кога прифајќаш, оправдано е да бидеш прифатен.

Сакам луѓе со маргарин

946810_418327691607777_137489104_nВ соба иам мува и ноќна пеперутка. Кој добар тандем се, мувата оперира преку ден, пеперутката ноќе. Првата лета наоколу ко без гла, каса ко ќе и’ се присака, се лепи за рандом предмети и ги мириса дури не и се здосадат. Навечер одмара за да има сила другио ден пак. Втората, има сон. Мирно седи цел ден, чека приквечерие и снопче светлина, па еуфорично почнува да танцува ко ќе го најди. Ноќе пак, неуморно мава по стаклото за да тргни кон небото и, со малку среќа, да стигни до сонцето додека осамнува. Исто е и со луѓето… Некој ги гледаш ко муви, а други, скоро како пеперутки. Are you just a fly, or you have butter with you? 🙂

* Со должно извинување кон мувата (читај: мувите)… Вака-така и та ми прирасна при срце. На крај краева, барем не ме остава сама и неинспирирана.