Мириси

asdf

Мене душата ми мириса на цигари…
на кафе, а некогаш и на коњак…
на кари и нане, наросени над топол леб со маргарин…
душата ми мириса и на топло чоколадо со кокос.
и на ѓумбир. и смола. и липа.

напати има мирис на пекол…
дури спијам, стално, ама баш стално – на рај.
наутро на зајдисонце, навечер на изгрејсонце…

на темјан и на фитил од свеќа… ретко, ама ми мириса.
на истечено мастило врз ново печатена хартија…
на исушено цвеќе, чувано во страници од библија.

и на свежо наврната земја…
на средство за дезинфекција.
на бензин, а богами и на течно лепило…

ми мириса и на пролет, ама не го рачунам то.
воедно ми мириса и на пригушено лето.
со мали примеси на масло за сончање.
на скоро распаднат есенски лист…
на дожд кој очекуваш да стани порој.
другпат пак, на зимска празнина носена од ветрот…
на штотуку распален оган во камин…

на тебе. да не го заборам то…
најмногу чинам, ми мириса на тебе…

Црно-бела

Црно-бела сцена. Бавна, чиниш не се ни движи. Само чад од цигара, која змиски, елегантно се извива нагоре, а кога ја стигнува висината на прозорецот, невино го љуби свежиот воздух и се спојува со него. Движењето го надополнуваат и светлата од автомобилите кои ритмично го одминуваат прозорецот.Темнина, па кратка, движечка светлина. Пак темнина, па светлина. Наизменично заглавени. И нивниот шум го слушаш. Брз, секогаш различен, секогаш исто познат звук на одминувачки автомобил. Секојдневен. Има и мали сијалички покрај душекот, но не знаеш во каква боја светат. Или можеби повеќе бои? Собата ти е практично празна. Душек, веднаш под прозорецот, со разместен чаршав (скоро со сигурност знаеш дека е бел). Една голема перница, исто бела, за да си одговара со чаршавот. Твојата позиција е на креветот, пред себе ги гледаш сопствените нозе, чаршавот, и со крајот на окото-перницата. Од десна страна ти е прозорецот, а веднаш под него и малите сијалички. Лево од тебе, пепелникот со мноооогу цигари внатре. И нели, онаа запалената која пишува љубовна приказна. Веднаш до неа има некој предмет. Замисли предмет, мил, драг, посебен, предмет кој го сакаш. Било каков, било колкав. Предмет кој можеби е единственото нешто без кое не би живеел. Замисли го во црно-бела верзија, на паркетот. Има и нечие присуство во просторијава. Оној на кој прв помисли, да. Некаде, било каде низ просторијава има човек. Ја имаш сета слобода на светот за да го замислиш. Позицијата, изразот на лицето, емоциите кои ги истура, расположението кое го шири. Дали е познаник или странец? Можеби некаде помеѓу? Не е важно, во просторијата има човек. Се пред сценава и се после сценава е твоја имагинација. Како се најдовте тука? Како ќе завршите? Каков дијалог би воделе? Или ќе молчите? Која песна ја слушаш во позадина? Или само ти се мота во главата?
* Чувствувај. Зборовите знаат да создадат чувства. Среќа, тага, страв, смиреност, што би чувствувал? Сеедно, најважно од се е да чувствуваш. И имагинарна, празна соба, со било кој човек кој си го замислил, може да те натера да чувствуваш. Што станува пак тогаш, кога си во вистинска ситуација? Останува, повторно, да чувствуваш.

* П.С. Поради зголемена слобода на имагинацијата, слика нема. Сликата, ја правиш сам.

Роденден

download

Градски светла. Од високо, скоро како точки. Дури и поубај, ако не носиш наочари.
Шини, социјалистички, после Тито, негибнати. Ама, уште функционални, фала богу.
Графит со звук на живот. Ништо филозофско, само стих од песна, која потсеќа на живот.
Мирис на боја. Ко оние боите за дрво, ама не толку таква. Спреј де, спреј.
Кенди и  нејзинио кендимен. Можда не во кендиленд, ама во кендитаун, да.
Кенди е среќна. Кендимен се надевам исто. Ако не, жал ми е, поќе од то неможи.
Маче, мало, весело. Убедено дека ништо не можи да го спречи. Среќно ко и овие двата.
Апаратот нема батерија. Фала богу, мозоко скоро секогаш има, ама не слика, само снима. Спомени.
Прсти, прсти. Не ко песната на Фолтин, туку испреплетени. Покрај жолти улични светилки.
Раце, раце. Напред- назад се нишаат правејќи сенки по долги булевари.
Паркот кај шо се собират несфатените. Рејџ таксист. Битно, го погодија името на улицата.
Промашен влез, поќе Симпо згради имало. Битно тука се. Сина светлина, од звучнико.
Вино (тро црвено, тро бело), цигари (од поскапите), панк (од тој шо Кенди ретко го слуша).
И, многу јасно, текст. Мора еден, ѓаоло не шепти, ами вришти ко ќе се поднапие.
Сон, одморени коски, утринско кафе. Две-три уствари. Автобуси во меѓувреме.
Фајнд јор уеј бек хоум. Тагирање*. Нема многу промаја, или само не се сеќава.
Нема ни купиња. Битно, назад дома. Пак кафе и ,,не мојш да избегаш од себе,, муабет.
Дома, на спиење. Убав е живото.

*Кенди
енд хр
кендимен
ар ин
кендиленд. (заб. на прев.)

Сакам луѓе со маргарин

946810_418327691607777_137489104_nВ соба иам мува и ноќна пеперутка. Кој добар тандем се, мувата оперира преку ден, пеперутката ноќе. Првата лета наоколу ко без гла, каса ко ќе и’ се присака, се лепи за рандом предмети и ги мириса дури не и се здосадат. Навечер одмара за да има сила другио ден пак. Втората, има сон. Мирно седи цел ден, чека приквечерие и снопче светлина, па еуфорично почнува да танцува ко ќе го најди. Ноќе пак, неуморно мава по стаклото за да тргни кон небото и, со малку среќа, да стигни до сонцето додека осамнува. Исто е и со луѓето… Некој ги гледаш ко муви, а други, скоро како пеперутки. Are you just a fly, or you have butter with you? 🙂

* Со должно извинување кон мувата (читај: мувите)… Вака-така и та ми прирасна при срце. На крај краева, барем не ме остава сама и неинспирирана.

Изгубени во сон, на дожд

vffdbmmvkorfvmЗнаеш, вчера сонував дека сме се изгубиле. Сме се изгубиле во некој град некаде на запад, голем и брз, полн светилки, автомобили, луѓе. Никој не сме познавале, никој не не’ познавал. Се чувствував само како да сум клепнала. Ги отварам очите и насред голем тротоар сме, водени до коска, еден до друг. Твоето рамо малку повисоко од моето, со мој портокалов, воден прамен коса, закачен на твојата водена блуза. Луѓето наоколу само не’ заобиколуваат и продолжуваат кај што тргнале. Си гледам во нозете. Патиките водени, врвките валкани. Го носам твоето палто, а капки дожд се тркалаат по работ од ракавот, ми ги мијат ноктите и ми го заматуваат погледот во вирчето под мене.  Во главата ми се мотаат првите неколку акорди од West coast на Lana. Да, оние што ме потсеќаат на Тонемо од ЕКВ. Го вртам погледот на лево, а ти гледаш право, го враќам пак надолу, а ти се вртиш кон десно. Секунди беа во прашање, ама… Не успеавме да се погледнеме. Ако, знам дека си тука. Ја кревам десната нога, филмски, ко во slow motion. Одврзани ми се врвките. Ако и то. Не ја спуштам ногата на истото место туку почнувам да чекорам. Тргнуваш веднаш по мене, се губиме во толпата која ја преминува улицата. Одспротива кафуле. Ја отварам вратата, влегувам внатре, не те погледнувам. Знам дека ме следиш и ти ја осеќам раката која случајно ја допрела мојата додека си ја придржуваш вратата за да влезеш. Се разбира дека нема да ти ја држам јас. Две слободни маси, една до друга, двете до прозорецот кој ни го покажува брзиот свет надвор. Топло е. Седнувам на таа поблиску до излезот. Седнуваш одспротива, се потпишуваш со прст на замагледниот прозорец. Се чувствувам сигурно. Уште акордите на Лана, уште не се погледнуваме, уште сме водени, уште се чувствувам ко во slow motion иако надвор се течи обично, можеби и малце побрзо од обично. Келнерката поминува крај нас, не’ игнорира, само се насмевнува. Оди до шанкот и се враќа со две кафиња. Ко редовни да сме овде, или ко на чело да ни пиши што сакаме. Збунета сум. Се вртам кон прозорецот. Веднаш до потписот си напишал и ,,2 coffess,,. Се насмевнувам и јас, и кимнувам со главата на келнерката со виткана коса. Кафето е жешко, но сепак голтнувам. Чувствувам како ми го топли цревата каде што поминува. Ме топли одвнатре, скоро како љубов. Сакам цигара со ова, ама немам. Те погледнувам, сеуште гледаш кон улицата или кон зградите одспротива. Погледот го вртам кон прозорецот и јас. Пареата која се претворила во вода, полека ти го брише напишаното име. Се насмевнувам, среќна сум.

Rising, од Lhasa

Последен пост, крај на Фебруари месец. Денес?! Крај на Мај. Е, горенаведената песна ми ги опиша последниве два месеци. Оти? Оти пробвав да станам… Два цели месеци… Па доста е веќе, така барем мислам. Она гадна состојба на полу-смрт, полу-емпатија за она што умира околу тебе. Кој лажам бе?! Она што умира ВО тебе. И мразам вакви само-сожалувачки срања, ама јебига, така ми дојде.
Моментално?! 5 и пол сатот сабајле, со скоро 24 саати неспиење. Редно е еден исповед да напрам и јас. Песнава ја слушам последниве 2 месеци, барем еднаш на ден. Не за друго, оти збора во минато време. Аналогија на нешто што треба да заврши. Чисто инспиративна  ,,било-поминало,, прича. Нешто као – еј, уживај, не си сама. А сум, реално ако си збораме (ментално, не физички, да дообјаснам). *Јас да напоменам, ако ве напнав, десно на tab-от има едно иксче. Клик само и готово. Ако не, еве ми ја причата, прочитајте ја.
Значи (за тие шо продолживте да читате), како шо си напоменав горе, некое си стање на гадна емпатија кон она што умира. Си умре зимата, ако ништо друго. А вервајте, прв пат ми се дешава со раѓање на пролет, да ми умира душата. Пролетта као ме враќа во живот (обично). Видете, да не се сфатиме погрешно, не ми е вака прв пат, ама обично, инспирирана сум и творам ко ќе сум така расположена. Е сега, шо е проблемот?! Епа то де, депресија ама БЕЗ инспирација. Тој шо поминал преку ова, знај за шо зборам. Да ти иди да се акниш од земја дури ,,doors were slamming, and windows were breaking,,… Терсене работа, жими се. И, дури Lhasa ми дава надеж, пробвам да станам. Некако тешко ми оди, ама то шо типката ми даде инспирација конечно, ме тера да мислам дека it’s over. Као, толку од патетиките на ,,Која сум јас бе? Кај терам? Шо сега? ,, И да свртам на позитивизам, која сум- има едно име таму, ама небино е, само душа сум; Кај терам – валјда кај шо ќе ме однеси патот, цел живот така прам, па еве работи; Шо сега – па ништо, барем пишам пак; И, за текстов да не е така депресивен, ако има било кој-било каде (кики секаде ха ха ха) шо случааајно ќе заврши на мој рандом текст, а се осеќа вака ко шо се осеќам јас, нека ја послуша Lhasa, шо е предобра-предобра е. Па и текстов, нека си го земи како инспирација. Чим Waruna излезе од така гнасно стање, можи секој. И то…
* Ако ме дочитавте фала, без да знам свесно, ќе се осеќам ко да ме слушнал некој. Тие што не ме дочитаја, не се занимават со патетика, that’s good, that’s very good.  И за крај, еве и линк од песната, да ви олеснам ако ви треба.

Магија

Открив цел нов свет кој никој претходно не го видел.

И планини поместив, пустини наводнав и мориња исушив.

Ѕвезди избројав, бездни ископав, ветрови пренасочив.

Открив нови чувства, многу повозвишени од овие земните.

Танцував со демони, со ѓаволи, со духови.

Безделничев со ангели и архангели.

Ја научив смислата на животот и миг подоцна ја заборавив.

За прв пат во животот премолчив зборови, а сепак искажав чувства.

Пливав со феникси, летав со сирени.

Пишував песни, веќе милион пати напишани, секогаш различно.

Живеев, умирав, се давев, се гушев… Постоев.

И плачев, и се смеев, и сонував, и болев. Запомнав се што заборавив.

Низ мене течеше живот, наместо крв. Испумпан од поривот да постојам.

Место срце имав дупка, место разум имав пеперутки, место здив имав опиум.

И сето тоа без да се поместам.sureal_by_halfmanhalfbiscuitv2-d5jo5dj

Улица: Рај; Број: 666; Поштенска марка: со Тито, од социјализмо.

man-praying,, Еј, здраво, шо прајш? Шојма? Одааамна не сме зборнале, па ај си реков, да прашам… Те нема, години веќе. Не ме сфаќај погрешно, не те обвинвам. Мислам, тотално те разбирам и фала ти. Конечно јасно ми е зошто ме оставаш сама тогаш кога најмногу ми требаш. Си имал доверба во мене очигледно. Дека ќе се изборам и победам онаму кај шо треба. Дека ќе постигнам нешто. Имав многу проблеми знајш? Мислев и премногу… Имав и гнев, ако подразмислам. Кога и да те спомнеа единствено нешто шо враќав беше: Кај беше ко ми требаше најмногу? Кај беше ко молев за помош? Ко ми требаше некаков знак? Ко имав тон неодговорени прашања и сомнежи? Кај беше кога со саати ти зборвав на вечер, по темница, пред спиење? Мислев ги забораваш луѓето на кои не можиш да им помогниш. То ми изгледаше како единствен одговор.
Денес? Арна сум. Среќна. Само то е битно на крај краева, така? Има и по некое проблемче, ама не сум за жалење. Зато и ти се обраќам по години… Решив дека е време да ти се заблагодарам. За се. Ако од таму горе гледаш, слушаш, чувствуваш, еве едно фала. Не е многу, само зборови се, ама јас, поќе ги ценам од 1, 2 ,5, 10 денарка или од свеќа. А и… кажи му на то твојте, нека намалат со џипојте. Не бе, се заебавам, секој нека си прај ко шо сака. Битно, сакав само да ти кажам дека не сум нешто лута или навредена, па за инает да не се прекрствам ко ќе поминам. Само… јас и ти на друго ниво сме поврзани, па знам дека ме гледаш дури ти се смешкам ко ќе сум среќна. Еј да, фала ми значи то, мислам ако не ти беа јасни ишаретите шо ти ги пуштам. И то, не знам шо да ти кажам. Фала ти. Најискрено и од се срце. И за убајте моменти, и за проблемите, и за луѓето наоколу. За се. И само да ти кажам, за да се подизвам од кашата. Не дека во меѓувреме скроз се откажав од духовното. Баш напротив. Само да не видиш со другар ти Буда шо прајме… Партали! Можи ти има кажвано, дури си пиете нектар, под сенка, во петок поручек, на зајдисонце. Фала речи му и него за просветлувањето, а и на Мухамед. Баш сега почнав да му ја читам книгата. Интересни ставој има, нема шо.
П.С: поздрави ми го и Сатаната. Знам дека не сте нешто нај, нај во односи, ама почит е почит. Па многу сте поминале заедно, не мислиш? И кажи му дека ме нервира ко ќе ме скокотка одвнатре, од стомакот, или ко ќе ми пеј на уше, пред спиење. Ама и ме инспирира. Многу. Вие двата сте сршта на мојот живот. Де едниот, де другиот, ме инспирирате пропорционално со раздалеченоста шо ја имате еден од друг. Ајт, поздрав сега. Фала уште еднаш. Пуса, пуса. (пуфлински де, да се посмејме).”

* поштовање до едно другарче. Случајно, на заедничка слика, реши да го поздрави другаро горе. Баш тогаш помислив дека е време и јас да си кажам шо-како.

Чипка

960291_10200304477794784_635622017_nЗима. Ладна, снежна, ледена зима и оној покослив ветер од кој дури и најсилните се плашат. А во собата, бавна џез музика, вино, запалена цигара и гола девојка. Таа легната пред каминот, а околу неа само светлината од него. Се чини и најмалата искра сака да излези преку стаклото и да згасне врз нејзината ледена кожа. Портокалов одсјај врз секој предмет во собата, врз чашата вино, врз огледалото, низ чадот од цигарата кој по се изгледа нема ни ја да допре нејзината усна. Портокалови, огнени, бранови светлина и врз нејзиното голо, нежно како свила, тело. Слаба, легната, со свиткани нозе и потпрена на рацете, со косата зафрлена наназад. Црни чорапи и чипка околу рабовитте која чиниш готово, и ја распара кожата.

Нејзиниот профил, ти носи уживање. Со подотворена уста, лесно, како на шега се обидува да дојде до здив. Клучната коска и се издигнува под кожата со секое следно вдишување, а потоа покорно се враќа на своето место, при издишувањето. Мир и спокој. А, музиката чиниш, само околу неа се слуша. Тивко и смирено можиш скоро да ја видиш како своите звуци ги усмерува кон божеството претопено во жена.

Околу спокој, во неа бура! Насмевка на усните, со незапирливи солзи во очите. Нежност и смиреност на дланките, со неконтролирано тресење на нозете. Удар на зборови во срцето, со суво како барут грло, од кое не излегол ни еден од тие зборови. Љубов во срцето, со горка плунка во устата, која повеќе не ја чувствува убавината на туѓа. Жена која има вруток од љубов, но суша од зборови. И… црна чипка која го остава својот принт врз нежните бедра.

Биди ми…

tumblr_mjwq435gzo1qdhfhho1_500_largeсветилник, радост, утро, воздух, сон, топлина, насмевка, блажина, белина, светлина, сигурност, прегратка, патека, зборови… Биди ми се што сакаш да ми бидеш, само не ме оставај сама.

бол, мрак, тага, студ, кошмар, помрачување, горчина, солза, шума, бездна, удар, врисок, зајдисонце. Биди ми се што сакаш да ми бидеш, само остави ме сама.

Немам ни почеток ни крај, ни насока ни патека ни пат, ни утро ни ноќ, ни светло ни мрак, ни солза ни насмевка, ни среќа ни тага. Само пусто празно, онаму каде треба да се имам себе…

Биди ми… Смрт. Живот. Љубов. Омраза.
Биди ми нешто и ништо.