Магија

Открив цел нов свет кој никој претходно не го видел.

И планини поместив, пустини наводнав и мориња исушив.

Ѕвезди избројав, бездни ископав, ветрови пренасочив.

Открив нови чувства, многу повозвишени од овие земните.

Танцував со демони, со ѓаволи, со духови.

Безделничев со ангели и архангели.

Ја научив смислата на животот и миг подоцна ја заборавив.

За прв пат во животот премолчив зборови, а сепак искажав чувства.

Пливав со феникси, летав со сирени.

Пишував песни, веќе милион пати напишани, секогаш различно.

Живеев, умирав, се давев, се гушев… Постоев.

И плачев, и се смеев, и сонував, и болев. Запомнав се што заборавив.

Низ мене течеше живот, наместо крв. Испумпан од поривот да постојам.

Место срце имав дупка, место разум имав пеперутки, место здив имав опиум.

И сето тоа без да се поместам.sureal_by_halfmanhalfbiscuitv2-d5jo5dj

Напишете коментар